Две крупни странски инвестиции кои се резултат на заложбите на македонската Влада за привлекување на странски инвеститори во Кавадарци ќе донесат околу 5.000 работни места, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на партиската трибина во Кавадарци. Станува збор за „Дрекслмаер" и „Кофикаб", а до сега реализирани се околу 3.000 работни места само во првата фабрика, потенцираше Ставрески, додавајќи дека во моментов во програмата предвидени се разговори со уште петнаесетина инвеститори. Македонија остави зад себе уште една успешна година реализирајќи бројни проекти во сите сфери на живеење за разлика од многу други земји кои се бореа со рецесија, а тоа е резултат на добрата поставеност на главните економски политики и партнерскиот однос, како со компаниите, работодавачите и синдикатите, така и со земјоделците, потенцираше Ставрески.
Две крупни странски инвестиции кои се резултат на заложбите на македонската Влада за привлекување на странски инвеститори во Кавадарци ќе донесат околу 5.000 работни места, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на партиската трибина во Кавадарци.
Станува збор за „Дрекслмаер" и „Кофикаб", а до сега реализирани се околу 3.000 работни места само во првата фабрика, потенцираше Ставрески, додавајќи дека во моментов во програмата предвидени се разговори со уште петнаесетина инвеститори.
„Македонија остави зад себе уште една успешна година реализирајќи бројни проекти во сите сфери на живеење за разлика од многу други земји кои се бореа со рецесија, а тоа е резултат на добрата поставеност на главните економски политики и партнерскиот однос, како со компаниите, работодавачите и синдикатите, така и со земјоделците", потенцираше Ставрески.
Оваа година, истакна Ставрески, од Буџетот на државата предвидени се 140 милиони евра кои ќе бидат наменети за македонските земјоделци и додаде оти продолжува силната поддршка во земјоделството.
„Тоа покажува дека станува збор за Влада која никогаш нема да ги напушти земјоделците и нема да штеди на земјоделците. Ќе се штеди на друго, таму каде што може и треба, но не и во земјоделството", потенцира Ставрески.
Ставрески најави корекција и усогласување на учебниците што се користат од прво до петто одделение и истите ќе бидат збогатени со содржини кои се користат во Велика Британија, како земја со еден од најнапредните образовни процеси.
Пред жителите на Кавадарци вицепремиерот и министер за финансии истакна дека предвидено е решавање на приоритетните прашања во општината како проблемот со водоснабдувањето, а потенцираше и дека Владата обезбедила околу 420 илјади евра, средства наменети за изградба на детска градинка.
Кавадаречкиот градоначалник Александар Панов му се заблагодари на премиерот и на Владата за изнаоѓањето на решение за проблемот со водоснабдувањето во Кавадарци и се осврна на сите проекти кои општината ги имаше и ќе ги има со владина поддршка.